Приведен 18-годишник во Куманово, возел „априлиа“ без дозвола

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишник од Куманово бил приведен вчера попладне откако полицијата констатирала дека управувал мотор без да поседува дозвола.

– На 14.06.2026 во 18:40 часот на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Л.З.(18) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола полициските службеници сопреле моторцикл „априлиа“ и по извршени проверки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повеќе лица натепале малолетници од Куманово