Нема знаци за недостиг на гориво за авиони во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Комесарот за транспорт на Европската унија денеска изјави дека нема знаци за недостиг на гориво за авиони во Европа во наредните месеци, и покрај тешкотиите во транспортот на нафта преку Ормутскиот Теснец поради блокадата на Иран, но дека високите цени ги тераат авиокомпаниите да ги намалат неекономичните линии.

„Во моментов нема недостиг на гориво за авиони во Европа. Немаме знаци дека ќе имаме недостиг во наредниот период“, изјави Цикикостас за Ројтерс.

Тој рече дека најзагрозени се регионалните аеродроми, а главна грижа е скокот на цените.

„Затоа гледаме дека некои авиокомпании избираат да откажат некои од нивните линии што немаа никаква економска смисла“, рече Цикикостас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ треба да се прошири на 40 членки, вклучувајќи ја и Канада, кажа финскиот претседател

Според него, патниците можеби нема да го почувствуваат целосното влијание на повисоките цени на билетите до крајот на оваа или почетокот на следната година, но ситуацијата е „многу различна од авиокомпанија до авиокомпанија“.

Цикикостас рече дека ситуацијата со снабдувањето со гориво на авионите ќе биде „многу тешка“ до крајот на годината, доколку снабдувањето со нафта од Блискиот Исток остане во прекин.

„Клучно е да се запре војната и да се отвори Ормускиот теснец, а тоа мора да се случи што е можно поскоро… Секогаш треба да запомниме дека Европа е подготвена. Имаме итни резерви во нашите земји-членки“, рече тој.

Тој предупреди дека затворањето на Ормускиот теснец не само што го загрозува снабдувањето со авионско гориво или нафта, туку дека „можно е дури и да имаме глобална рецесија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Француски Рафали над Балтикот: 11 руски авиони пресретнати во воздушниот простор на НАТО

Ормутскиот теснец, кој е клучна поморска рута што го поврзува Персискиот Залив со меѓународните пазари, е главно затворен во изминатите три месеци, намалувајќи ги испораките на нафта за околу 14 отсто од глобалната побарувачка.

ЕУ досега ги надминуваше прекините во снабдувањето бидејќи нафтата од Блискиот Исток сочинува околу 20 отсто од авионското гориво што го увезува, а испораките од САД и Нигерија во голема мера ја пополнуваат празнината.