Немири во Брисел: Голем судир меѓу демонстрантите и полицијата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Брисел, главниот град на Белгија, дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата за време на протестите против планираните реформи на образовниот систем, јавуваат белгиските медиуми.

Повеќе од 1.000 луѓе, главно млади демонстранти, се собраа пред Централната железничка станица во Брисел за да протестираат против планираните образовни реформи во франкофонската федерација Валонија-Брисел, при што беа пријавени судири и немири низ главниот град на Белгија.

Демонстрантите запалија барикади и велосипеди во близина на станицата Брисел-Централ, додека инциденти и немири беа пријавени и на станицата Сен Гидун во Андерлехт.

Протестите против образовните реформи на владата на Валонско-Бриселската федерација предизвикаа нарушувања во работата на метрото и интервенција на полицијата, пишува „Брисел тајмс“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлодираше камион полн со нелегално гориво: Огнена топка се прошири на небото над Мексико! (ВИДЕО)

Белгиската полиција се уште не објавила информации за апсења или повредени, пишува порталот.

Владата на федерацијата Валонија-Брисел, која е одговорна за образованието на француски јазик во земјата, планира, меѓу другото, да ја зголеми годишната школарина за високото образование од 835 евра на околу 1.100 евра.