Приведен 19-годишник од Куманово, возел мотор без дозвола

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишник од кумановската населба Карпош бил приведен вчеравечер откако полицијата констатирала дека возел мотор без дозвола.

– На 02.06.2026 во 19:20 часот во населбата Карпош во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Х.Д.(19) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додават од полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мопед без регистарски ознаки, кој го управувал без положен возачки испит.

По насоки на јавен обвинител, како што додаваат од СВР Куманово, тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен.

– По целосно документирање на случајот против Х.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Александар Савиќ од Куманово ќе игра за германскиот Туру Диселдорф

Никола Ивановски