Само што беше прифатена вегетаријанската исхрана во колективната свест без табуа, на ред дојдоа веганите, чии методи се толку екстремни да не може, а да не се запрашате – каде е крајот?
Имено, група активисти од Франција отишла чекор понатаму и ја шокирала светската јавност со жигосување со вжештено железо. Тие со овој чекор сакале да го свртат вниманието на суровоста на големите прехрамбени индустрии кон животните.