Кумановец држел заробен свој познаник, го силувал, дрогирал и тепал

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец е осомничен дека противправно држел заробен свој познаник, при што го тепал, дрогирал и силувал.

– На 31.05.2026 во 21:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.П.(35) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека од 23:00 часот на 29.05.2026 до 07:00 часот на 31.05.2026 без негова согласност и со употреба на сила држел негов 36-годишен познаник од Куманово во својот дом.

Според пријавеното, во тој период Д.П. повеќе пати физички го напаѓал лицето, го принудувал орално да го задоволува и го принудувал да користи дрога.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска делови од населбата Карпош

– При приведувањето, кај Д.П. биле пронајдени и одземени марихуана, мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело, велат од кумановската полиција.

Тој е задржан во полициска станица и, како што стои во соопштението, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски