Макрон: Франција ќе побара од ОН иницијатива за слободна пловидба во Ормутскиот теснец

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон повтори дека повторното отворање на Ормутскиот теснец е апсолутен приоритет и најави иницијатива во Обединетите нации за „тотално неутрална и мирна мисија“ за да се постигне ова.

„Со отстранување на сите блокади и вистинско вклучување во овој тежок дијалог со Иран, мора да постигнеме безусловно повторно отворање на Ормутскиот теснец, без никакви такси за навигација“, рече Макрон во Најроби на крајот од француско-африканскиот самит, објавија француските медиуми.

Тој додаде дека е потребно да се продолжи дијалогот меѓу Техеран и САД за прашањето на нуклеарните и балистичките ракети на Иран, но со учество на Европејците, пренесува Бета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  NYT: Иран успеа да реактивира голем дел од својата воена инфраструктура

Макрон повика на целосно почитување на прекинот на огнот во целиот регион, велејќи дека е неприфатливо да се води војна во Либан, каде што Израел се бори против движењето Хезболах.