Дезинсекција против крлежи на зелените градски површини во Куманово ќе се спроведе на 14 мај 2026 година (четврток) со почеток во 05:00 часот, информираа од Општина Куманово.
Третманот ќе се реализира на повеќе локации во градот, меѓу кои соколанскиот парк, малиот плоштад пред НУЦК „Трајко Прокопиев“, големиот плоштад пред „Нама“, Спомен-костурницата, локалитетот Кошеви и Градскиот парк.
Од Општината најавуваат дека на 15 мај 2026 година (петок), истиот третман ќе биде спроведен и на градскиот кеј.
Дезинсекцијата ќе трае до 08:00 часот, а ќе се користи препаратот „CIMINA PLUS“.
Доколку временските услови не дозволат спроведување на третманите, тие ќе бидат одложени за наредниот ден.
Никола Ивановски

