„На Ѓурѓовден“ – изложба на Марјан Јаневски – Шалајко за празнувањето во Средорек

Сподели со своите пријатели

Во Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, в среда, на 6 мај, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на дијапозитиви на кумановскиот фотограф Марјан Јаневски – Шалајко, посветена на празнувањето на Ѓуѓовден во ромската населба Средорек.

Станува збор за 40 дијапозитиви создадени во периодот од 1996 до 2000 година, кои за првпат ќе бидат јавно презентирани пред кумановската публика.

 

 

Темата на изложбата е Ѓуѓовден, а фотографиите се снимени на самиот празник, рано изутрина, во ромската населба Средорек.

„Темата како што е и насловот на изложбата е на Ѓуѓровден, сите фотографии се направени на 6 мај рано изутрина на самиот верски празник“, вели Јаневски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово одбележан Денот на македонскиот литературен јазик (ВИДЕО)

Изложбата ќе биде претставена во форма на проекција на дијапозитиви на платно, техника која денес ретко се користи, но повторно привлекува внимание кај помладите љубители на аналогната фотографија.

„Втората моја цел е да ги да ги презентирам овие фотографии бидејќи за првпат ќе бидат прикажани и секако во оваа техника која е посебна т.е дијапозитиви кои се проектираат на платно и со оглед дека младите се повеќе се интересираат за аналогната фотографија ова е добра прилика и единствена прилика во нашиот град да ја проследат ова изложба“, изјави Јаневски.

Тој ги покани сите љубители на фотографијата да присуствуваат на отворањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со нож избол полицаец откако бил затекнат како оштетува возила

 

 

„Ги поканувам сите заинтересира љубители на фотографијата да бидат присутни во среда од 20 часот“, порача Јаневски.

Шалајко веќе 44 години активно се занимава со фотографија и е долгогодишен член на Фото кино клуб Козјак.

Ова е негова шеста самостојна изложба, а зад себе има и учества на меѓународни изложби, како и ангажмани како член на жири на повеќе од триесет меѓународни избори.

„Се надевам дека овие фотографии ќе бидат интересни како историски моменти и сведоштво за едно време и за луѓе кои во тоа време ги чувствувале овие празници“, вели авторот.

Никола Ивановски