Времето денеска низ Македонија во утринските часови ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и релативно топло време.
Ќе дува салб до умерен ветер од северен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу петтиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 22 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 8 до максимални 27 степени целзиусови.
Среда носи променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југ и југозапад. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 25 степени целзиусови.
Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна ќе достигне 24 степени целзиусови.

Петок носи претежно сончево време со кратки сончеви периоди и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти околу 10 степени, а максимумот ќе се искачи до 21 степен целзиусов.
Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме и во сабота. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 23 степени целзиусови.
Неделна носи претежно облачно време со кракти сончеви периоди и слаб до умерен ветер од југ и југозапад. Температурата во утринските часовои ќе се спушти околу 12 степени, а дневниот максимум ќе достигне 26 степени целзиусови.

Слично време, со услови и за дожд, ќе имаме и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски

