Русија ја погоди Украина со над 160 дронови, две лица убиени во Херсон

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица беа убиени во утринскиот напад со руски беспилотни летала врз автобус во Херсон.

Според податоците од Воената администрација на градот Херсон и Регионалната воена администрација на Херсон, еден работник во комунална компанија и една жена чиј идентитет сè уште не е потврден починале на самото место.

Уште седум патници во автобусот се повредени, шест мажи и една жена. Четворица од нив се комунални работници.

Сите повредени моментално се во болница.

Според првите извештаи, им се дијагностицирани повреди од експлозијата, објави Украинска правда утрово.

Во ноќта помеѓу 1 и 2 мај, Русија ја нападна Украина со 163 беспилотни летала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Волкер: Русија не е во можност да постигне стратешки пресврт на бојното поле во Украина

Околу 100 беспилотни летала беа од типот „Шахед“, според Воздухопловните сили на Украина.

Силите за воздушна одбрана уништија или онеспособија 142 беспилотни летала.

Регистрирани се удари од 17 дронови на 12 локации, како и пад на соборени дронови (остатоци) на две локации.

Според информациите од утрово, нападот сè уште е во тек.

Во ноќта помеѓу 1 и 2 мај, руските сили погодија и 12-катна станбена зграда во Харков, предизвикувајќи повреди.