Ново пукање се случи утрово во центарот на Атина, на улицата Лукареос, кратко по инцидентот во населбата Керамеикос каде што 89-годишен маж пукал во просториите на Службата за социјално осигурување (EFKA) и ранил вработен.
После тоа, осомничениот со такси се упатил кон Апелациониот суд во Атина во областа Лукареос, каде што повторно отворил оган и ранил уште четири лица, сите жени, се вели во извештаите.
Службите за итни случаи брзо реагирале, а повредените биле префрлени на лекување.
Сведоци рекле дека напаѓачот извадил оружје и пукал без предупредување, додека некои рекле дека наредил една од жртвите да легне пред да пука.
Полицијата започнала обемна потрага по осомничениот, кој сè уште е во бегство.
Според првите информации, станува збор за лице со психолошки проблеми.

