Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 20.4.2026 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 ден/кг и сега ќе изнесува 46,656 ден/кг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ронин Доџо од Куманово со пет медали на „Шотокан Куп 2026“ во Србија

Од 28.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин            ЕУРОСУПЕР БС – 95         82,50     (денари/литар)

Моторен бензин            ЕУРОСУПЕР БС – 98         84,50     (денари/литар)

Дизел гориво                   ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  91,50     (денари/литар)

Масло за горење            Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)     96,00     (денари/литар)

Мазут                                 М-1 НС                               46,656 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,268%, кај дизелот има намалување за 3,760%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,528% и кај мазутот има зголемување за 1,117%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0452%.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетничка нападната од врсничка во Куманово

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.