Од синоќа, Словачка почна да прима сурова нафта преку цевководот Дружба, соопшти денес Министерството за економија на таа земја.
„Министерството за економија информира дека денес во 2 часот наутро е продолжен приемот на нафта во Словачка преку цевководот Дружба“, се наведува во соопштението на Министерството, како што објави Ројтерс.
Со активирањето на цевководот Дружба, заврши прекинот на транспортот на руска нафта до Словачка, кој траеше од крајот на јануари.
Украинските власти претходно објавија дека нафтоводот Дружба, во дел од територијата низ Украина, е оштетен од руски напади, поради што е прекинат транспортот на нафта преку него.

