ЕУ ќе замрзне 1,5 милијарди евра наменети за Србија

Сподели со своите пријатели

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска на седницата на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ) ќе соопшти дека ЕУ поради „Мрдиќовите закони“ ќе го замрзне пакетот од 1,5 милијарди евра наменет за Србија.

Политико дознава дека се очекува Кос да каже дека Белград нема да добие пари за да помогне во усогласувањето со ЕУ, барем додека Венецијанската комисија, правното советодавно тело на Советот на Европа, не го објави своето мислење за усвоениот пакет судски закони.

Неименуван претставник на ЕУ рече дека одлуката на Венецијанската комисија се очекува до крајот на месецот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ подготвува итни мерки поради можен недостиг на гориво за авионите

Српскиот амбасадор во ЕУ Данијел Апостоловиќ на 10 април за порталот Политико изјави дека Белград ќе ги прифати препораките на Венецијанската комисија, кои би можеле да вклучат измена или укинување на законот.

Ова се совпаѓа со плановите на комесарот Кос да побара од Србија „да ги усогласи своите судски закони со препораките на Венецијанската комисија“.

Трпението на ЕУ со Србија се истроши во последниве месеци, а минатиот ноември, во остриот извештај за напредокот на земјата во пристапувањето во ЕУ, предупреди на падот на демократијата и антиевропскиот наратив на официјален Белград.

Србија продолжува со напорите да одржува блиски врски со Русија, иако од 2000 година од ЕУ има добиено повеќе од 7 милијарди евра средства и инвестиции, пишува Политико.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: На Европа ѝ треба сопствен одбранбен систем против балистички ракети