Филмски грабеж на златарница во центарот на Виена: Крадци пробиле ѕид од подрумот и украле скап накит

Сподели со своите пријатели

Необичен грабеж, сличен на сцени од холивудските филмови, се случил денес во центарот на Виена. Крадци влегле во златарницата и украле накит.

Според достапните информации, сторителите прво влегле во подрумот на зградата, а потоа го пробиле стариот ѕид и на тој начин директно добиле пристап до внатрешноста на продавницата.

Откако влегле внатре, го украле целиот накит што не бил обезбеден во сефот.

Грабежот бил откриен дури наутро, околу 9 часот, кога сопственичката на златарницата дошла на работа и пронашла траги од кражбата.

Веднаш ја известила полицијата, а според првите проценки, предизвиканата материјална штета изнесува шестцифрена сума.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Франција ослободи танкер за нафта поврзан со Русија откако плати казна

Истрагата ја покренала Виенската државна криминалистичка полиција, која интензивно работи на идентификување на сторителите и расветлување на овој случај.

Сопственичката на златарницата за австрискиот весник „Хојте“ изјавила дека до сега отсекогаш се чувствувала безбедно и дека овој грабеж ја изненадил целосно.

Сомнителната ситуација први ја посочиле градежните работници, кои забележале дека нешто не е во ред.

Како што изјави таа, треба да се направи детална документација за штетата за да се утврди точната вредност на украдениот накит.