Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш ги осуди израелските воздушни напади во Либан, истакнувајќи дека во нив се убиени и ранети стотици цивили, вклучувајќи и деца.
– Гутереш недвосмислено ги осудува масовните напади и е длабоко загрижен за зголемениот број цивилни жртви – изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик.
И покрај прекинот на огнот во конфликтот со Иран, Израел изврши големи напади врз цели во Либан, вклучувајќи го и главниот град Бејрут.
Според податоците од либанското Министерство за здравство, загинаа најмалку 182 лица.
Израелската армија соопшти дека ги таргетирала командантите на Хезболах и воената инфраструктура, додека либанските власти соопштија дека меѓу жртвите има голем број цивили.
За разлика од Иран, САД и Израел не го сметаат Либан за вклучен во договореното двонеделно примирје.
Иран размислува за повлекување од прекинот на огнот, според иранската новинска агенција Фарс њуз агенциј, пренесува ДПА.

