Ракометарите на Куманово утре гостуваат кај РК Радовиш

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово утре на гостински терен го играат 4. коло од плеј-аут лигата.

По важната победа која на домашен терен минатиот викенд ја остварија избраниците на тренерот Александар Радосављевиќ против составот на Еурофарм Пелистер 2, утре ќе бидат исправени пред нов предизвик за опстанок во Супер лигата.

Кумановци влегуваат како фаворити во овој меч, со оглед дека екипата на Радовиш од почетокот на сезоната досега нема забележано ниту една победа, по цели 25 одиграни натпревари.

Мечот се игра од 18 часот во Спортската Сала „25 мај” во Радовиш.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плеј-офф или плеј-аут: МКК Куманово утре на важно гостување кај Работнички