Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Пит Хегсет, објави дека припадниците на војската ќе можат да го внесуваат своето лично огнено оружје во воените објекти, повикувајќи се на Вториот амандман и неодамнешните пукања во базите низ целата земја.
Хегсет потпиша меморандум според кој командантите на базите мора да ги разгледаат барањата од војниците за носење приватно оружје „за лична заштита“, а секое одбиено барање мора детално да се објасни во писмена форма, објави денес „CBS“.
Досега, базите беа зони без лично оружје, освен за воената полиција и персоналот што се обучуваше.
Одлуката следува по низа инциденти, вклучувајќи го и пукањето во Форт Стјуарт, Џорџија, минатата година, во кое беа повредени пет војници, и масовните пукања во базите во претходните години.
Експертите за насилство со оружје предупредуваат дека таквата политика може да го зголеми ризикот од самоубиства и насилство со оружје кај војниците, бидејќи повеќето самоубиства вклучуваат оружје во приватна сопственост.
За време на неговиот мандат, Хегсет се обиде да реформира разни воени политики, вклучувајќи ги стандардите за физичка подготвеност, воените капелани и содржината на воената библиотека, како и да отстрани неколку високи воени функционери, вклучувајќи го и началникот на Генералштабот, генерал Ренди Џорџ, според Танјуг.

