Четиринаесет лица, меѓу кои единаесетгодишно девојче и тринаесетгодишно момче, беа повредени во претходен ирански напад на периферијата на Тел Авив.
Во извештајот за повредите здобиени во нападот, Маген Дејвид Адом, израелската служба за итни случаи, рече дека девојчето се здобило со повреди од шрапнели и било евакуирано во локалната болница, пренесува Би-Би-Си.
Во посебен извештај, службата соопшти дека нема дополнителни повредени по друга серија напади од Иран.
Нешто порано израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршиле широк бран ноќни напади врз иранската престолнина Техеран.
ИДФ вели дека тие биле насочени кон инфраструктурни локации поврзани со иранскиот режим.
Техеран одговори со три одделни лансирања на ракети кон Израел.

