Четириесет и двегодишник од Скопје бил приведен во липковско вчера откако полицијата утврдила дека возел иако немал положено.
– На 30.03.2026 во 10:15 часот на регионален пат во с.Отља, општина Липково, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.П.(42) од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од кумановската полиција, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф “, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит.
– По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Никола Ивановски

