Ракометарките на Куманово загубија од РК Спартак

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово забележаа пораз на гостувањето од 19. коло од женската ракометна Суперлига од составот на РК Спартак од Скопје.

Домашнио тим оствари предност уште од стартот на мечот која успешно ја задржа во целиот тек од првата средба, па на полувреме се замина со 17:14.

Вториот дел од средбата кумановки се трудеа да направат пресврт, но имаа сили само да впишат еден гол повеќе, што не беше доволно за победа.

Мечот заврши со конечни 32:28 и нови бодови за РК Спартак.

Во тимот на Куманово со осум погодоци најефикасна беше Росана Павлова, а два помалку впиша Ангела Шехтанска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Облачно и претежно врнежливо

Кај победничкиот состав најефикасна беше Анастасија Николовска, која забележа 11 голови.

Никола Ивановски