Две лица загинаа од остатоци од соборена ракета во Абу Даби

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, а три беа ранети кога балистичка ракета беше соборена во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати, објави Медиумската служба на тој град.

„Властите на Абу Даби реагираа на инцидент во кој остатоци паднаа на улицата Свејхан, откако балистичка ракета беше успешно пресретната од системот за воздушна одбрана. Во инцидентот, две неидентификувани лица беа убиени, три беа повредени, а голем број автомобили беа оштетени“, се наведува во соопштението објавено на официјалниот профил на Медиумската служба на Абу Даби на социјалната мрежа X.

Порано оваа недела, во понеделник, индиски државјанин кој живее во ОАЕ беше повреден од шрапнели откако балистичка ракета беше пресретната над индустриска зона во Абу Даби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иранскиот парламент подготвува закон за наплата за премин низ Ормускиот теснец

Локалните власти соопштија дека ракетата е пресретната во близина на воздухопловната база Ал Дафра.