Иран почна да им наплаќа на бродовите за минување низ Ормутскиот теснец

Сподели со своите пријатели

Иран почна да им наплаќа за минување на бродовите низ Ормускиот теснец, еден од клучните поморски патишта во светот за транспорт на нафта и гас.

Некои комерцијални бродови сè повеќе минуваат низ иранските територијални води преку таканаречениот „Техерански коридор за патарина“, каде што иранските сили ги проверуваат бродовите и во некои случаи наплаќаат за минување, според анализата на поморските податоци од „Лојдс Лист“.

Надомест за безбеден премин

„Најмалку два брода му платија на Иран за безбеден премин, а една такса беше околу два милиони долари“, се наведува во анализата.

Станува збор за рута помеѓу иранските острови Кешм и Ларак, преку која бродовите влегуваат во иранските води за да избегнат безбедносни ризици во остатокот од теснецот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Нашите електрани се помалку ранливи од оние на нашите соседи, ги имаме 150

Според достапните податоци, повеќе од 20 поголеми бродови поминале низ тој коридор.

Сообраќајот низ Ормускиот теснец е сè уште намален поради конфликтот во регионот, но во последните денови е забележано мало закрепнување.

За краток временски период, најмалку 16 бродови поминале низ теснецот.