Ракометарките на Куманово убедливо го совладаа ЖРК Вардар (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово вчеравечер остварија убедлива победа врз составот на ЖРК Вардар во натпреварот од 18. коло од женската Супер лига на Македонија.

 

 

Ова беше многу важна победа за избраничките на Александар Бојковски, кои успешно го надиграа Вардар и покрај новите засилувања што тимот од Скопје ги имаше во пресрет на вториот дел од сезоната.

 

 

Кумановки остварија предност уште на стартот од мечот па водеа и со 15:9, за на полувреме да заминат со само два гола предност односно 15:13.

 

 

Во вториот дел од средбата Вардар се доближи на само еден гол негатива, но кумановки беа решени да го добијат мечот и покажаа вистинска доминација на теренот за конечни 32:24.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со возила им го попречиле патот па натепале двајца кумановци

 

 

Најдобри во составот на Куманово со постогинати по осум погодоци беа Росана Павлова, Мариана Силва Азеведо и Аманда Стеин.

 

 

Во тимот на Вардар најефикасни со по четири голови беа Вељаноска и Беровиќ.

 

 

Ова е многу важна победа за кумановки бидејќи сега само еден поен ги дели од третата позиција во табелата, која сега ја држи токму екипата на ЖРК Вардар.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски