Делови од дрон паднаа на романска територија по руските напади во Украина

Сподели со своите пријатели

Романското Министерство за одбрана објави дека делови од беспилотните летала паднале во областа Плауру, во округот Тулка, откако руските сили извршиле напади врз Украина во близина на речната граница со Романија.

Според соопштението на министерството, инцидентот се случил рано утрово кога руските сили извршиле нова серија напади со беспилотни летала врз цивилни и инфраструктурни цели во Украина, објави порталот „Digi24“.

Два авиони Ф-16 на романските воздухопловни сили полетаа од 86-та база во Фетешти за борбена служба на Воздухопловната полиција.

Делови од беспилотните летала паднаа на национална територија во Плаур, а истражниот тим веднаш започна со теренски проверки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Русија е да ѝ помогне на Куба

Досега, точната област на удар не е идентификувана, а пребарувањата ќе продолжат како што се подобрува видливоста, пренесува Танјуг.