Изложба на фотографии на Марјан Скрижевски во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во четврток од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Љубов“ од уметникот Марјан Скрижевски.

Марјан Скрижевски e rоден 1974 во Куманово. Средно училиште завршил во Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово.

Со фотографија активно се занимава во последните 10 години.

Се што знае за фотографијата има научено самостојно преку читање на интернет, гледање видеа на јутуб и најмногу преку учење од сопствени искуства додека фотографирал.

На изложбата ќе бидат претставени цркви, езера, водопади, планини и други природни убавини од Македонија.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумновец ја натепал својата ќерка и ѝ се заканувал со остар предмет