Триесет и петгодишник од Куманово ноќва бил приведен по пријава дека бил агресивен и се заканувал на своите мајка и брат.
– На 04.03.2026 во 02:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(35) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се однесувал агресивно и упатувал закани кон неговата мајка и неговиот брат, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

