Иранска ракета ја погоди најголемата американска воздухопловна база во Персискиот Залив

Сподели со своите пријатели

Катар бил цел на две ирански балистички ракети, соопшти Министерството за одбрана на земјата, а пренесува Би-би-си.

Еден од проектилите бил пресретнат од катарските системи за противвоздушна одбрана, додека другиот ја погодил американската воздухопловна база Ал Удеид, најголемата американска база во регионот.

Според катарските власти, нема жртви или повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ИТЕН СОСТАНОК ВО БЕЛАТА КУЌА: Руте пристигнува кај Трамп пред клучниот самит на НАТО