Оркестарот „Симфониум“, кој функционира во рамки на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово, објави повик за зачленување на нови членови и отвора можност за сите љубители на музиката да станат дел од овој музички колектив.
Од оркестарот информираат дека пријавувањето е отворено за музичари од различни возрасни категории, без ограничувања, а учеството и часовите се целосно бесплатни.
Членовите на „Симфониум“ имаат можност да настапуваат на концерти и културни настани во Куманово, низ државата, како и на гостувања и настапи надвор од Македонија.
Со овој повик, оркестарот има за цел да го збогати музичкиот живот во градот и да им овозможи на младите и на сите заинтересирани музичари простор за развој, учење и јавно настапување.
За повеќе информации и пријавување, заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број 074 208 763 или да стапат во контакт преку профилот @simfonium.
Никола Ивановски

