Занаетчија од Куманово нападнал малолетник и 25-годишна девојка

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишник од Куманово бил приведен по пријава дека нападнал малолетник и 25-годишна девојка.

– На 02.03.2026 во 00:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(55) од Куманово. Во куќа каде што извршувал занаетчиски работи најпрвин физички нападнал малолетник, по што нападнал и 25 – годишна девојка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дури 30 медали за КБК Предатор од Државното кик-бокс првенство (ФОТО)