Ракометарите на Куманово вчеравечер го совладаа тимот на РК Струга во рамките на првото коло од плеј-аут лигата со резултат 30:20.

Клучниот период во кој кумановци направија разлика што потоа ја одржуваа беше од 20. до 26. минута.

Тогаш последен пат беше нерешено, 8-8 и следуваше серија од 5-0 за МРК Куманово со која поведе 13-8.

Како што почна второто полувреме разликата полека се зголемуваше од минута во минута каде тимот на тренерот Александар Радосављевиќ забележа убедлива победа и триумфираше на домашен терен убедливо против директниот конкурент во борбата за опстанок.
Никола Ивановски / фото: МРК Куманово (ТД)

