Дури 30 медали за КБК Куманово од Државното кик-бокс првенство (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

КБК Предатор оствари извонреден успех на државното првенство во кик-бокс, кое се одржа во Скопје, во спортската сала „Јане Сандански“.

 

 

Кумановскиот клуб настапи со 34 борци и освои вкупно 30 медали, со што ја најави сезоната на натпревари на најдобар можен начин.

 

 

Во конкуренција од околу 500 натпреварувачи од целата држава, петмина борци на КБК Предатор се закитија со златни медали и титули државни шампиони.

 

 

Злато освоија Христина Бојковска (-52 кг), Милан Лазаревски (-47 кг), Димитар Давитковски (-54 кг), Христијан Георгиевски (-60 кг) и Андреј Јакимовски (-67 кг), сите во ринг дисциплините.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОФС Куманово го одржа годишното собрание: Примени три нови фудбалски клубови

 

 

Со сребрени медали, односно титули државни вицешампиони, се закитија 11 натпреварувачи: Јован Трајковски (татами -27 кг), Алексеи Дејановиќ (татами -30 кг), Тамара Ристовска (татами -37 кг), Христина Бојковска (татами -50 кг), Андреа Георгиевска (татами -55 кг и ринг -56 кг), Бисера Денковска (татами -70 кг и +70 кг), Данило Методиевски (ринг -71 кг), Марко Зафировски (ринг +91 кг) и Наум Милановски (ринг -81 кг).

 

 

Бронзени одличја освоија 14 борци: Матеј-Ѓорѓи Николовски (татами -42 кг), Даријан Ристовски (татами +36 кг), Максим Божиновски (татами -57 кг), Милош Лазаревски (татами -63 кг и ринг -63,5 кг), Никола Ангеловски (татами -69 кг), Бојана Трифуновска (татами -46 кг), Нима Денковска (татами -65 кг), Петар Станковски (татами -74 кг и ринг -75 кг), Лука Арсовски (татами -84 кг), Павел Божиновски (татами +94 кг), Марио Радевски (ринг -63,5 кг) и Јаков Димковиќ (ринг -75 кг).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово го совлада Астибо (ГАЛЕРИЈА)

 

 

Иако прикажаа солидни настапи, без медал овојпат останаа: Андреј Цветановски, Стефан Стојмановски, Матеј Максимовски, Борјан Арсовски, Вилиам Трајковски, Ален Димитров, Макс Спасовски и Теодор Јаќимовиќ.

 

 

Од клубот посочуваат дека резултатите се плод на континуирана работа и посветеност, под водство на тренерите Оливер Милорадовски, Јован Крстевски, Оливера Свилар, Стефан Максимовски, Бојан Николовски и Стефан Ристовски.

 

 

Државното првенство се одржа во организација на Кик-бокс федерација на Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски