Ракометарките на Куманово вчера на првиот натпревар одигран на домашен терен оваа календарска година, го совладаа составот на ЖРК Астибо од Штип.

Кумановки имаа убедлив старт на натпреварот под водство на старо-новиот тренер Александар Бојковски.

На полувреме заминаа со водство од 19:13, што им донесе простор за порелаксирана игра во вториот дел од средбата.

Во второто полувреме имаа само еден погодок повеќе од гостинскиот состав, но првиот дел од средбата беше клучен кумановки да слават со конечни 34:27.

Најдобра во дресот на Куманово со девет голови беше Мариана Силва Азеведо, шест погодоци имаше Росана Павлова, а еден помалку Нена Несторовска.

Во гостинскиот состав со 14 погодоци носител на играта беше Марија Анчева.

Следува пауза во натпреварите од домашниот шампионат, поради обврски на репрезентацијата.






Никола Ивановски

