ОФС Куманово го одржа годишното собрание: Примени три нови фудбалски клубови

Сподели со своите пријатели

Во просториите на Спортската сала во Куманово во саботата се одржа годишното собрание на ОФС Куманово, на кое присуствуваа 27 од вкупно 35 делегати.

Собранието го отвори претседателот на ОФС Куманово, Александар Маневски, кој ги поздрави присутните и го презентираше извештајот за работата на организацијата за 2025 година.

Делегатите го усвоија финансискиот извештај и завршната сметка за 2025 година, како и верификацијата на мандатот на Еркан Јусуф за делегат во Собранието на ФФМ, на местото на Борче Лазаревски, кој во меѓувреме стана член на Управниот одбор на ФФМ.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово го совлада Астибо (ГАЛЕРИЈА)

На седницата беше изгласан и прием на нови членки во ОФС Куманово, меѓу кои фудбалските клубови ФК Лирија, ФК Прогон и ФК Ромали.

Обраќајќи се на крајот од Собранието, Маневски истакна дека е задоволен од сработеното во изминатиот период.

„Година дена скоро помина од моето назначување како прв човек на ОФС Куманово и сум задоволен од тоа што го планиравме, успеавме во овој временски интервал да го реализираме“, рече Маневски.

 

 

Тој упати и благодарност до претседателот на ФФМ, Муарем Омерагиќ, за укажаната доверба и поддршката во работата на него и неговиот тим.

На собранието беше присутен и Стојче Атанасовски, шеф на кабинетот на претседателот на Фудбалска федерација на Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре без струја две населби во Куманово

Никола Ивановски