Израелскиот Мосад отвори посебен Телеграм канал на персиски јазик, директно повикувајќи ги иранските граѓани да го променат режимот во Иран.
Мосад директно им се обрати на „иранските браќа и сестри“ со порака дека „тие не се сами“ и дека ќе им помогнат „да го вратат Иран во неговите славни денови“.
Израелското разузнавање ги повика Иранците да споделуваат фотографии и видеа од нивната „праведна борба“ против режимот преку Телеграм канал, додека продолжуваат воздушните напади на САД и Израел врз Иран.
А американскиот претседател Доналд Трамп, во своето видео соопштение утрово, им кажува на Иранците дека „часот на нивната слобода е близу“, поканувајќи ги да ја преземат власта по завршувањето на воените операции.
Сепак, плановите на Мосад овој пат се комплицирани од фактот дека интернетот е прекинат во Иран, што им отежнува на граѓаните пристап до социјалните мрежи како што е Телеграм без користење на напредни алатки, кои обично се недостапни за обичните Иранци.

