Сикорски: За одбрана на источниот крило на НАТО од руска агресија би биле потребни 1,2 трилиони евра

Сподели со своите пријатели

Одбраната на источното крило на НАТО во случај на потенцијална руска агресија би чинела најмалку 1,2 трилиони евра, изјави денес полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

„Одбраната на земјите од источното крило на НАТО во случај на потенцијална руска агресија би чинела најмалку 1,2 трилиони евра, што е 24 пати повеќе од полскиот буџет за одбрана“, им рече Сикорски на пратениците во говорот во полскиот парламент, пренесува Ројтерс.

Како што оцени, „свеста за опасноста може да парализира или мобилизира“.

„Сите ја препознаваме заканата. Ситуацијата е сериозна. Не можеме да си дозволиме парализа. Пасивноста или потпирањето на другите е покана за ескалација. Истото важи и за коментарите дека ова не е наша војна“, рече Сикорски, според Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Инцидентот во близина на брегот на Куба е агресивна провокација од страна на САД