Нови зелени површини во Куманово преку прекуграничен проект со Бугарија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Нови дрвја, зелени површини и еколошки решенија на повеќе локации низ Куманово се дел од резултатите од проектот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, кој е во фаза на имплементација.

Во рамки на активностите, денеска градоначалникот Максим Димитриевски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и директорот на Центарот за развој на Североисточниот плански регион Младен Протиќ, го посетија училиштето „Перо Наков“.

 

 

Проектот, како што појасни Протиќ, опфаќа интервенции на пет локации во градот.

– На „Октомвриска револуција“веќе се насадени 220 високо квалитетни дрва, над два метра, на булеварот „Трета МУБ“ се околу 130, овде во средното економско училиште ќе има 10, горе на потегот на техничко училиште кон улица „Бајрам Шабани“ 16 дрвја и ќе имаме еден зелен ѕид на плоштадот „Маршал Тито“ кој ќе ја спречува прашината од сообраќајот на шеталиштето на главниот плоштад, појасни Протиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Возеле без возачка дозвола во кумановско, приведени две лица

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски нагласи дека проектот е дел од пошироките напори на Општина Куманово за подобрување на животните услови на граѓаните и развој на прекуграничната соработка.

– Моја обврска е само секојдневно да ги подобрувам животните услови на нашите граѓани и секако ја поздравуваме и финансиската поддршка на владата што со историски износи интервенираше од државниот буџет за директна помош на општините“, изјави Димитриевски.

 

 

Како што истакна Димитриевски, градот има добиено голем број проекти од централната власт, а меѓу нив е и изградбата на првиот мост кој ќе биде во селото Довезенце на Крива река.

– Дополнително разговараме и за детската градинка којашто треба да биде во населбата Зелен рид и уште голем број на други проекти. Мислам дека само со добра соработка на релација централна и локална власт можат да бидат надминувани секојдневните проблеми на граѓаните, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Челопек се живее со страв, додека се истражуваат сомнежи за повеќе убиства (ВИДЕО)

 

 

Првиот човек на градот побара трпение од граѓаните додека се решаваат децениски натложените комунални и инфраструктурни проблеми.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, истакна дека Министерството активно ја поддржува програмата за прекугранична соработка, обезбедувајќи средства за кофинансирање на проектите.

– Од нашиот буџет со централни владин буџет одвојуваме 15% за кофинансирање за сите овие проекти коишто локалните самоуправи регионалните регионите ги спроведуваат имплементираат, рече Перински.

 

 

Според него, проектот е дел од приоритетите за создавање позелен пограничен регион и е директно насочен кон заштита и унапредување на животната средина.

Вкупната вредност на проектот за Куманово изнесува 343.090 евра, од кои 15% се кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Завршните сметки ќе може да се поднесат и во сабота и електронски

 

 

Проектот опфаќа засадување на 510 дрвја и уредување на мали урбани градини на три кружни текови како и активности насочени кон подготовка на стратешки и „меки“ мерки за развој на зелената инфраструктура и зајакнување на капацитетите на партнерите.

Во Рамките на проектот пак, во Ќустендил ќе се интервенира на излетничко место околу езерото и во еден парк.

Никола Ивановски