40 пчелари од Куманово ќе учествуваат на Интернационален саем во Словенија

Сподели со своите пријатели

Пчелари од Куманово ќе учествуваат на голем интернационален пчеларски саем и едукативен собир што ќе се одржи претстојниот викенд во Словенија, каде Македонија ќе биде претставена со вкупно 110 пчелари од повеќе градови во државата.

Од нив, дури 40 се од Куманово, што претставува редок и значаен пример за силна локална застапеност на ваков настан од меѓународен карактер.

 

 

Саемот, кој се одржува во рамки на поголем едукативен настан, има за цел размена на знаења, искуства и современи практики во пчеларството, како и запознавање со најновите трендови во производството, преработката и пласманот на мед и пчелни производи.

Дел од активностите ќе се одвиваат и на саемот во Цеље, еден од најзначајните саемски центри во регионот.

Во рамки на посетата, пчеларите ќе имаат можност да посетат повеќе пчеларски центри, музеи и индивидуални производители, како и институции кои имаат клучна улога во развојот на оваа гранка.

 

 

Планирани се и посети во близина на Љубљана, каде што се наоѓаат значајни европски и национални пчеларски организации.

По тој повод, денеска претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, имаше средба со претставници од здружението „Пчела” – Куманово, кои за прв пат ќе го посетат големиот интернационален саем во Словенија.

Никола Ивановски