Француските продавници користат вештачка интелигенција за фаќање крадци

Сподели со своите пријатели

Илјадници француски супермаркети почнаа да користат вештачка интелигенција за борба против кражбите, при што софтверот ги анализира движењата на клиентите во реално време за да го означи сомнителното однесување.

Иако трговците тврдат дека оваа технологија значително ги намалила нивните загуби, таа исто така покренува сериозни прашања за приватноста и транспарентноста бидејќи нејзината употреба е во голема мера нерегулирана, пишува Euronews.

Софтверот анализира снимки од надзорните камери во продавницата.

Кога алгоритмот детектира сомнителни гестови, на пример по ставање на предмет во торба или постојано допирање на производ без да го скенира на касата, автоматски испраќа краток видео клип до персоналот во продавницата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина: 12 лица загинаа во експлозија во продавница за огномет

„Така добиваме предупредување. Може да биде едноставен, понекогаш двосмислен гест. Сепак, системот најдобро го препознава криењето на производите, на пример кога рацете одат кон торбите“, рече Нелсон Лопес, менаџер на супермаркетот Монтреј во близина на Париз.

„Кога има такво предупредување, сите сме во состојба на готовност и ги следиме снимките од камерите“, додаде тој.

Продавниците не се обврзани да ги информираат клиентите дека користат вештачка интелигенција

Сопственикот на супермаркет Арул Џадсон вели дека во првата година од работењето без вештачка интелигенција, изгубил речиси 60.000 евра, а сега неговите загуби се приближно преполовиле.

Во меѓувреме, париската фармацевтка Латифа Гарби плаќа 200 евра месечно за надградба на своите камери со вештачка интелигенција, заштедувајќи околу 4.000 евра годишно и избегнувајќи ги трошоците за ангажирање обезбедувачи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Перу го доби осмиот претседател за осум години

Употребата на оваа технологија моментално е во правно сива зона.

Франција нема специфичен закон што овластува надзор на однесувањето со употреба на вештачка интелигенција во комерцијални простори, а продавниците не се обврзани да ги информираат клиентите дека се користи.

Француското тело за заштита на податоци CNIL јасно изјави дека ваквите камери масовно анализираат лични податоци и дека нивната комерцијална употреба е забранета без посебна законска рамка.

И покрај тоа предупредување, францускиот софтверски стартап Veesion опремил помеѓу 2.000 и 3.000 продавници низ цела Франција.

„Ако податоците не се споделуваат, немам ништо против“

Извршниот директор на компанијата, Тибо Давид, ја брани технологијата, тврдејќи дека е во согласност со Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) на Европа и не спроведува биометриска анализа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 13 лица загинаа во експлозија на гас во Пакистан

Многу трговци на мало истакнуваат дека софтверот е едноставно помошна алатка за заштита на бизнисот во услови на зголемување на кражбите поради кризата и зголемувањето на трошоците за живот.

„Претпоставувам дека тоа е безбедносна мерка за сопственикот. Ако неговата употреба е ограничена и податоците не се споделуваат, сепак е како обична камера. Затоа немам ништо против“, рече 65-годишниот клиент Лоан.

Додека законодавците разгледуваат предлози за создавање регулирана рамка за надзор со вештачка интелигенција, дебатата за тоа каде завршува безбедноста, а каде започнува надзорот, веројатно ќе продолжи со години.