Австрија нема да се приклучи на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп, објави канцеларијата на австрискиот канцелар Кристијан Штокер.
„Австрија е подготвена да придонесе за одржлив мир на Блискиот Исток, но е јасен поддржувач на кооперативен, мултилатерален систем и како едно од четирите седишта на Обединетите нации, не сакаме да градиме никакви паралелни структури“, изјави синоќа за АПА портпаролката на канцеларката Клаудија Тирхер.
Таа додаде дека учеството во Одборот за мир не доаѓа предвид поради загриженост во врска со повелбата на телото.
Одборот не е отворен за сите земји од светот, а Трамп покани околу 60 земји, вклучувајќи ја и Австрија, да се приклучат.
„Унифициран пристап меѓу поканетите земји-членки на ЕУ би бил пожелен“, рече портпаролката на австрискиот канцелар.
Таа, исто така, истакна дека сè уште е отворено дали Австрија ќе учествува на сесијата во Вашингтон преку претставник на нејзината амбасада како набљудувач.

