Над 50.000 луѓе присуствуваа на погребот на синот на Гадафи

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 50.000 луѓе присуствуваа на погребот на Сеиф ел Ислам Гадафи, синот на убиениот поранешен либиски лидер Моамер Гадафи.

Локалните извори проценуваат дека повеќе од 50.000 луѓе присуствувале на погребот, веејќи зелени знамиња поврзани со поранешниот либиски режим, објави „Фигаро“.

Сеиф ел Ислам беше погребан на истите гробишта во градот Бени Валид, јужно од Триполи, како и неговиот брат Хамис Гадафи.

Според либиските медиуми, 53-годишниот Гадафи бил убиен во вторник, на 3 февруари, кога бил нападнат од четворица маскирани лица.

Според извештаите, надзорните камери во неговата резиденција биле оневозможени пред нападот, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД воведоа нови санкции кон Иран по разговорите во Оман

Пред падот на режимот во 2011 година, Сеиф ел Ислам Гадафи се сметаше за потенцијален наследник на неговиот татко и се обидуваше да изгради имиџ на умерен реформатор, кој беше оштетен на почетокот на бунтот кога се закануваше со крвопролевање.