Иран негира контакт со САД: Арагчи тврди дека немало преговори, ниту дека Техеран ги барал

Сподели со своите пријатели

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес изјави дека во последните денови не бил во контакт со специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави, Стив Виткоф, ниту пак Техеран побарал преговори, објавија иранските државни медиуми.

Арагчи рече дека разни медијатори водат консултации со Техеран, но дека разговорите можат да се водат „само кога нема повеќе закани и прекумерни барања“, објави Ројтерс.

„Во последните денови немало контакт меѓу мене и Виткоф и од нас не е испратено барање за преговори“, додаде министерот.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека дополнително американско воено засилување е на пат кон Иран и изрази надеж дека Техеран ќе постигне договор со Вашингтон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ICE доаѓа на Олимписките игри. Италијанскиот шеф на дипломатијата: Не е како да доаѓа СС

САД го зголемија своето воено присуство во Заливот по националните протести во Иран, што доведоа до најкрвавата пресметка во земјата од Исламската револуција во 1979 година, истакнува Ројтерс.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вчера му рече на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман дека Техеран го поздравува секој процес во рамките на меѓународното право што спречува војна.