Стојан Ѓуроски ново засилување на МКК Куманово

Сподели со своите пријатели

Кошаркарот Стојан Ѓуровски е најновото засилување во редовите на МКК Куманово во пресрет на вториот дел од сезоната кој започнува викендов.

Како што истакнуваат од управата на клубот постигнат е договор со искусниот Ѓуровски, кој пристугнува од редовите на Работнички.

– Ѓуровски со своето искуство и квалитет ќе биде значајно засилување за тимот во продолжение од сезоната. Веруваме дека неговиот придонес ќе помогне во остварување на високите амбиции на клубот и на нашата сина публика, велат од клубот.

Во меѓувреме клубот го напушти Марјан Јанески кој замина во КК Бутел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Температурите во пораст и услови за дожд

Никола Ивановски