Данскиот министер за одбрана Тоелс Лунд, кој беше критикуван од САД за „занемарување на одбраната на Гренланд“, денес изјави дека Данска ќе го „зајакне“ своето воено присуство на арктичката територија и дека е во дијалог со сојузниците на НАТО.
„Ќе продолжиме да го зајакнуваме нашето воено присуство на Гренланд, но исто така ќе имаме уште поголем фокус во рамките на НАТО на повеќе вежби и зголемено присуство на НАТО на Арктикот“, напиша Троелс Лунд Поулсен во изјава за АФП.
Објавата дојде неколку часа пред официјалните лица од Гренланд, Данска и САД да се сретнат во Белата куќа за иднината на автономната данска територија.
Лунд Поулсен додаде дека Данска „има постојан дијалог со сојузниците за нови и зголемени активности во 2026 година“.

