Четврт век постоење на Википедија!

Сподели со своите пријатели

Најголемата семрежна енциклопедија, Википедија, прославува 25 години од своето основање и етаблирање како најголема енциклопедија.

На 15 јануари 2026 оваа светска платформа полни четврт век функционирање и едуцирање на светската популација на 342 активни јазични верзии, меѓу кои и Википедија на македонски јазик.

Македонската википедијанска заедница по повод јубилејниот роденден на 15 јануари 2026 година заеднички ќе го прослави роденденот на енциклопедијата. Со почеток од 19:00 часот во „Јавна соба“ во Скопје, македонската заедница и здружението Викимедија МКД, која го развива и одржува македонското издание на енциклопедијата ќе го одбележи овој значаен настан за енциклопедијата. На присутните ќе се обратат Кирил Симеоноски, Тони Ристовски, Николче Стојаноски, Ана Вишинова, Ирена Стерјовска, Валентина Трајковска и Филип Белчев, а потоа ќе следува заедничка забава и дружење. Преку размена на искуства и осврти, македонската заедница ќе ја долови енциклопедијата на јавноста од друга гледна точна, но и ќе се стави акцент на значајноста на оваа енциклопедија во современото информатичко и образовно општество.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Православните верници вечерва слават Стара Нова година

Википедија е основана нa 15 јануари 2001 година во САД од страна на Џими Велс и Лери Сангер. Првичната верзија на Википедија била само на англиски јазик, но популарноста и заинтересираноста кон енциклопедијата резултирала со создавање на голем број последователни јазични верзии. Википедија е бесплатна енциклопедија достапна за сите, чиј главен двигател е создавање на бесплатно знаење достапно за сите. Самата енциклопедија е раководена од Фондацијата Викимедија, со седиште во Сан Франциско.

„Македонската верзија на Википедија е основана во септември 2003 година од млади волонтери кои имале желба да го донесат бесплатното знаење поблиску до македонската читателска публика. Од првичните скромни стотина статии, денес македонската верзија на Википедија прераснува во една од подобро етаблираните на овие простори со 157.956 статии на македонски јазик и заедница од 340 активни корисници“- изјави, Бојан Велковски, менаџер за комуникации на Викимедија МКД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Православните верници вечерва слават Стара Нова година