Ова се 100 најбогати луѓе во регионот: На листата седум Македонци

Сподели со своите пријатели

На листата на 100-те најбогати луѓе во регионот за 2025 година, составена од списанието „Недељник“, се најдоа седум државјани на Македонија.

Нивното вкупно богатство (околу 2,7 милијарди евра) е далеку помалку од имотот на првопласираниот Мирослав Мишковиќ, кој се проценува на три милијарди евра.

Живко Мукаетов, сопственик на компанијата „Алкалоид“, е најдобро пласираниот бизнисмен од Македонија (31во место) на листата на 100-те најбогати во регионот, со проценето богатство од околу 892,6 милиони евра.

Веднаш зад него е сопственикот на IGM Trade (фабрика за челични конструкции) Илија Гечев, со богатство проценето на 677,6 милиони евра.

Челникот на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, е на 49-то место со богатство проценето на 662 милиони  евра, а сопственикот на Даути Кипер Маркет, Висар Јакупи и Алајдин, со богатство од 317.822.026 евра, е на 90-то место.

 

 

Две позиции потоа следува семејството Камчеви, сопственици на ланецот КАМ маркети, чие богатсво е проценето на 309,1 милиони евра.

И сопственикот на Пекабеско, Слободан Кутревски, е во 100те најбогати од регионот со проценета вредност од 293,2 милиони евра.

Последен од македонските бизнисмени на оваа листа, на 97та позиција, е Семејството Георгиев, сопственици на ланецот маркети Стокомак.

 

 

Иако Македонија нема милијардери, на листата се наоѓаат вкупно 20, предводени од сопственикот на „Делта холдинг“, Мирослав Мишковиќ, чие богатство се проценува на 3.011.403.812 евра.

Второто место го зазема семејството Костиќ, сопственик на МК Груп, со богатство од 2.918.891.445 евра, додека на третото место на листата е Хрватот Силвио Кутиќ (Инфобип) со 2.524.942.253 евра.

На четвртото место се Дејан Чакајац и Јадранка Степановиќ (Моцарт, Вега – Србија) со богатство од 2.075.373.994 евра, а на петто место е Петар Матијевиќ (МИ Матијевиќ – Србија) со 1.794.545.863 евра.

Следат хрватски бизнисмени: Мате Римац (Римац груп) кој е шести на листата со 1.743.316.832 евра, Миле Ќурковиќ (Плодине) е седми со богатство проценето на 1.734.787.500 евра, осми е Дубравко Гргиќ, деветти Давор Лукшиќ Ледерер (Сина лагуна) со 1.628.787.500 евра, а десетти Павао Вујновац (група Вујновац) со 1.582.000.000 евра.