КБК „Предатор“ од Куманово со 9 медали од меѓународниот турнир во Ниш

Сподели со своите пријатели

Кик-бокс клубот „Предатор“ од Куманово оствари одличен успех на меѓународниот турнир „Балкан Бест Фајтерс“, кој се одржа во Ниш, Република Србија.

 

 

Кумановските кикбоксери се вратија со вкупно девет освоени медали, настапувајќи со десет натпреварувачи.

 

 

Златни медали и први места освоија Христина Бојковска и Матеј Ѓорѓи Николовски, додека Андреа Георгиевска се закити со сребрен медал и второ место.

 

 

Бронзени медали освоија Наум Милановски, Павел Божиновски, Максим Божиновски, Теодор Јаќимовиќ, Бојана Трифуновска и Марио Радевски.

 

 

Без медал остана Матеј Максимовски, кој сепак стекна драгоцено натпреварувачко искуство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 19-годишник од Куманово кој возел двојно над дозволеното

Од КБК „Предатор“ истакнуваат дека зад нив се одлични и борбени настапи, со заслужени победи, но и порази, и нагласуваат дека овој турнир е нивен последен натпревар за тековната сезона.

 

 

Натпреварувачите на турнирот беа предводени од тренерите Оливер Милорадовски, Јован Крстевски и Оливера Свилар.

Никола Ивановски