Викенд прогноза за Куманово: Утринските температури одат во минус

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 15 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ќе одговара за обид за убиство: Со нож ја удрил жртвата во глава

Утринската температура ќе се движи околу 2 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 8 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од запден правец.

Температурата во утринските часови ќе се спушти до третиот степен под нулата, а максималната дневна ќе достигне 9 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме сончево време со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи околу -2 степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до 9 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе се задржи и во претстојната работна недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кик-боксерите на КБК „Куманово 2006“ ќе настапат на меѓународен турнир во Ниш

Никола Ивановски