Земјотрес од 5,5 степени ја погоди Колумбија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес, 10 декември, во областа Колумбија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал 6 километри северно од Аратока и 36 километри југоисточно од градот Флоридабланко, каде што живеат повеќе од 200.000 луѓе.

Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 157 километри под површината на земјата.

Граѓаните велат дека силно го почувствувале земјотресот.

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драматична снимка од Флорида: Авион слета на автопатот и удри автомобил (ВИДЕО)